
Идеални за прослави, родендени и други свечени прилики! Пити во калап за мафини погодни за неделен доручек или вечера.
Состојки:
- 12 кори за пита
- 250 гр сирење
- 3 јајца
- масло по потреба
- 1 шољичка кисела вода
- 200 гр спанаќ
- прашок за пециво
- сол по вкус
Подготовка:
Изматете две јајца, па измешајте ги со иситнето сирење и исчистен и ситно исецкан спанаќ. Во друг сад измешајте ја водата, прашокот за пециво и солта. Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ги калапите за мафини со масло.
Половина од секоја кора напрскајте ја со водата во која се наоѓа прашокот за пециво, изгужвајте ја и натопете во мешавината од јајца, сирење и спанаќ, па завиткајте ја во сувата половина од кората, како топка. Секоја топкаставете ја во подмачкан калап за мафини, премачкајте ја со изматено јајце и по желба посипете семе од сусам и сол.
Печете околу 20-25 минути или додека не добие златно кафеава боја.
