Овие чизми во краток временски рок ги освоија срцата на трендсетерките низ целиот свет.
Од шнолата со кристали на Simone Rocha до бисерната ташничка на Shrimps, оваа година видовме голем број модни додатоци кои ги излудеа трендсетерките низ светот, а сега на ред дојдоа високите кожни чизми со дезен со имитација на кожа од крокодил.
Станува збор за чизми на италијанскиот бренд Paris Texas, кој за кратко време се стекна со голема популарност токму поради овие чизми кои што ги обожаваа Emily Ratajkowski и Chiara Ferragni, а оваа сезона ги гледавме секој ден на улиците на сите модни метрополи.
Ако барате совршени чизми, погледнете како трендсетерките ги носат неодоливите модели на Paris Texas и можеби ќе сфатите дека тие се вистинскиот избор за вас.
