Sweet Home

Првиот стан е како првата љубов

Прва симпатија, прв бакнеж, прва љубов … прв стан.

Како што не ја забораваме првата љубов, така засекогаш во нас останува врежан станот во кој што живеевме откако се разделивме од домот на родителите. Понекогаш доаѓа веднаш по средното училиште, по втор пат во доцните дваесетти години, па дури и триесеттите години.

Без оглед на случајот, ние вообичаено немаме многу идеи за тоа што е важно во станот, бидејќи до тогаш некој друг одлучувал во наше име. Еве на што, според експертите, треба да обрнете внимание.

Дури и ако ги сакате живописните бои, не претерувајте со нив, бидејќи вашиот стан може да се трансформира во шаренило. Подобро да играте со неутрални бои со некој акцент, на пример со стол или фотелја во вибрантно розева боја.

За елеганцијата ќе се погрижат завесите. Иако се чини дека се непотребна инвестиција, особено кога сме потстанари, неверојатно е колку едно парче ткаенина може да го направи тој простор поубав и потопол.

Играјте на слоеви, бидејќи таквите станови изгледаат поскапи и пософистицирани, ставете квалитетен килим, не заборавајте ги прекривките за софата или креветот, особено кога доаѓаат поладните денови.

Еден детал може да направи чуда од просторот. Станува збор за светилки. Без разлика дали се ѕидни, за на маса или подни светилки, тие му даваат на просторот печат, па пронајдете ги оние што ви одговараат. Не само што се визуелно ефективни, но добро е што светлината доаѓа од различни извори. Тоа го прави станот потопол.

Ѕидовите се уште еден важен аспект на уредувањето. Ако немате пари за впечатливо уметничко дело што ќе биде центарот на собата, бидете креативни. Се што ви требаат се рамки за слики. Можете да врамите било што, страници од менито на некој ресторан, страниците од омиленото списание, апстрактен симбол. Внимавајте, сепак, сите овие слики да имаат некоја поврзност и слободно закачете неколку во дневната соба, на пример, над гарнитурата за седење.

Ако живеете во гарсоњера, важно е визуелно да го одделите делот за спиење од кујната. За ова, можете да ги искористите комодите, но исто така и панели кои што можат да бидат и декоративни и практични. Слободно можете на просторот да му го дадете својот личен печат, без разлика дали ќе ги изложите омилените сувенири од патувањето на послужавник, слики кои што ненамерно ќе ги ставите на подот или тапети во ходникот со впечатливи мотиви.

Во спалната соба, почнете од удобен душек, продолжете со меки теписи и перници, а вложете во наслон кој ќе го направи вашиот кревет кралски.

Бањата ќе изгледа поубаво и поудобно ако купите различни кутии за чување, а за кујната купете фотографија или слика од храна.

Write A Comment