Мода

Нови стилски идеи: 3 моќни формули за комбинации на фустани со чизми во есенската сезона

Ви даваме инспирација за stylish дневни комбинации со омилените чизми!

Слоевитоста е еден од триковите, а еве како модните експерти ги оживуваат своите модни комбинации со свежите концепти и им даваат нов изглед на класичните модели на чизми.

Мартинки и лелеави долни делови

Ги користиме последните денови за носење на долги фустани и здолништа од потенки материјали така што ги надградуваме со есенски чевли.

Нежната облека комбинирана со погруби чевли е проверена стилска комбинација. Сите fashion девојки го обожаваат овој кул изглед, бидејќи ни овозможува да го продолжиме векот на траење на омилените бохо и романтични фустани. Се разбира, тие сега ќе бидат во малку понежни бои на есента, а со камел капутот вашиот изглед ќе биде комплетен.

Зашилени чизми со тесни панталони

Ќе играме на оваа карта секогаш кога ќе ни подисчезнат добри идеи за секојдневен бизнис изглед кој лесно можеме да го носиме и по завршувањето на работното време. Проверен рецепт ни доаѓа од Французинките и нивните модни уредници, и се што ви треба е потесен модел на панталони и квалитетно сако. Карираното сако веќе две сезони владее со градските улици, а сега му се придружува верзијата со најпопуларен дезен оваа есен: animal.

Print+print

Продолжуваме во ист стил и се осмелуваме најпрактичниот модел на чизми оваа есен, оној со блок пета, да го обоиме со змијски дезен и стилизираме со уште еден живописен дезен. Внимание, оваа идеја е само за храбрите, но дамата која што ќе ја совлада ќе биде крунисана како вистинска модна кралица.

Write A Comment