Sweet Home

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО Е HYGGE: Еве зошто данскиот стил на уредување на ентериерот стана популарен во светот

Hygge е дански стил на живеење во кој сè е подредено според потребите на човекот!

Данскиот начин на живот, кој подразбира минималистички стил на уредување со цел да се постигне максимална удобност и каде е подеднакво важно да се работи и да се ужива, стана омилен низ цела Европа.

Ентериерот значително влијае врз расположението на човекот, а за Данците со развиена култура на домување, ова подразбира релаксиран амбиент, пријатно осветлен и ослободен од сувишното. Бидејќи практичноста секогаш е проследена со естетика, едноставниот мебел овозможува индивидуални решенија во просторот. Едноставноста и минимализмот ви овозможуваат да се поигрувате со деталите во рамките на hygge стилот кој го означува индивидуалниот избор во постигнувањето на пријатниот амбиент и удобност.

Внатрешноста никогаш не смее да доминира во однос на човекот – само тогаш тој е во служба на нашата личност, подразбира принципот hygge. И покрај силното уверување дека минималистичките ентериери се лишени од бои и динамика,  hygge дава слобода во изборот и распоредот на деталите – добар трик е да се избере една боја и да се играте со нејзините нијанси. Материјалот игра важна улога во дизајнот на hygge, и на прво место се оние природни, со богата текстура: дрво, мермер, рачно изработена керамика.

 

Write A Comment