
Експертите ја споредуваат со зависност.
Првата љубов има многу врска со зависноста. Не постои можност да се спореди со останатите, па затоа првата голема љубовна врска е реализација на некој копнеж.
Колку и да имате љубови во животот, првата ќе остане незаборавена. Ова беше потврдено и од германските психолози, кои врз основа на истражувањето наречено – Личноста и социјалните врски во времето на млада адолесценција- заклучија дека таа делува на личноста на човекот како катализатор. Посебна е и поинаква.
– Првата љубов има многу врска со зависноста – објаснува семејниот психолог д-р Волфганг Хантел-Квитман.
– Не постои можност да се спореди со другите, па затоа првата голема љубовна врска е реализација на некој копнеж.
Тој вели дека личност што бара копнеж и идеал ќе ја памети првата љубов долго време и ќе се навраќа на неа.
– Оној што гледа пореално на работите, ќе се сеќава на неа како на само едно убаво искуство од детството – додава д-р Хантел-Квитман.
– Ако таа длабоко е вградена во меморијата и емоциите, можно е секогаш да ја бараме. Поради тоа, може да стане фантом на подоцнежните врски.
Експертите веруваат дека посебност ѝ дава нејзината единственост, бидејќи сè што доаѓа по неа веќе не е прва љубов, туку втора, трета.
