Како оваа есен да го носите омиленото парче облека на Кери Бредшоу?
За враќањето на трендовите од 90-тите години сведочат последните неколку сезони, а покрај минијатурите очила, оваа есен ќе носиме кожни јакни какви што обожаваше Кери Бредшо.
Преголеми силуети, изразени раменици и statement крагни се детали на кои треба да обрнете внимание кога станува збор за кожните јакни оваа сезона, а особено ги обожаваме во земјени тонови. Овие кожни јакни изгледаат одлично во едноставни комбинации со фармерки и бели кошули, а за најодважните најпогодна е тренди комбинацијата на кожа од глава до петици.
Подолу дознајте како светските трендсетерки ги носат во своите дневни модни комбинации.
