Art & Crafts

Направете миризлива свеќа од портокал!

Од кората на пороткалот, во само неколку потези, можете да направите вистинска миризлива свеќа која целосно ќе го освежи воздухот во вашиот дом.

Се што ви треба е еден портокал и малку маслиново масло.

Портокалот исечете го на половина. Извадете ја целата внатрешност, внимавајќи белиот дел од кората во средината да остане цел, бидејќи тоа ќе ви служи наместо фитил. Половината од портокалот во која се наоѓа фитилот наполнете ја со маслиново масло, толку колку фитилот да излегува од маслото, и тоа е тоа.

Врз долната половина од портокалот можете да ја ставите и другата половина и едноставно да го затворите портокалот, само внимавајте горниот отвор да ви биде доволно широк за портокалот да не се запали.

Сè што ви преостанува да направите е да ја запалите вашата свеќа и да уживате во мирисот на портокал и маслиново масло. Ова видео објаснува сè, кратко и јасно:

Со палењето, бидете трпеливи, ќе требаат околу триесет секунди за да го запалите фитилот. Можете да ја ставите вашата миризлива свеќа од портокал во убав керамички сад.

Кога ќе го запалите фитилот, егзотичниот мирис на ова јужно овошје ќе се прошири низ сите простории! Уживајте во природата!

Write A Comment