Art & Crafts

САКАТЕ ЛИ ВАШИОТ САДОПЕР ДА ЗАБЛЕСКА? Викнете ги на помош природните средства!

А за чистење на одводот и пријатниот мирис во кујната, препорачливо е да исецкате ситно парчиња лимон и да ги ставате парче по парче во одводот…

Дали сакате вашиот садопер да заблеска исто како и кога беше поставен за прв пат, повикајте ги на помош природните средства како што се сода бикарбоната, оцетот, лимонот…

Сода бикарбоната попрскајте ја по садоперот, потоа истријте со сува крпа, па измијте го. Рабовите на кои се насобира нечистотијата истријте ги со четка за заби. Потоа натопете кујнска хартиена крпа со вински оцет и со нив обложете го цел садопер. По 15 минути отстранете ги и измијте се со сунѓер и средство за садови.

На крај, садоперот избришете го со сува крпа или кујнска хартиена крпа.

А за прочистување на одводот и пријатен мирис во кујната, препорачливо е да иситните парчиња лимон и парче по парче да ги ставате во одводот.

Write A Comment