
Најважна е хидратацијата на усните.
Познатата шминкерка на славните личности, Кејт Сајнот откри интересен трик со помош на кој ѕвездите визуелно сакаат да ги зголемат своите усни.
Суштината на овој трик е нанесувањето на различни производи на усните кои ќе ги негуваат и прродно ќе ги набабрат за да изгледаат поголеми. Првиот производ е кремата за пределот околу очите.
– Кремата треба да се стави на усните бидејќи усните се составени од истата тенка и чувствителна кожа. Покрај тоа, кремата е поделикатна, а она што е добро за кожата околу очите – добро е и за кожата околу усните, па затоа можете да ја користите за хидратација на усните – објаснува Кејт.
Откако кремата ќе се стави на усните, треба да се остави неколку минути да отстои како маска, а пооа одозгора да се нанесе балзам за додатна хидратација. Овој чекор можете да го направите пред да одите на спиење, кога сакате наредниот ден да имате пополни усни, но и еден час пред шминкањето.
Овој трик Кејт секогаш го користи кога ги шминка познатите личности, но и невестите кои сакаат да изгледаат совршено на својот голем ден.
– За хидратацијата на усните најдобра е хијалуронската киселина, па затоа производите кои што ја содржат се совршени за користење. Хијалуронската киселина ја хидратира кожата и го зголемува капацитетот на задржување дури до илјада пати повеќе, а исто така сета влажност ја собира на површината на кожата – кажува Кејт.
Сега знаете колку е важна хидратацијата на усните и зошто има големо влијание врз нивниот изглед.
