Убавина

Најнови beauty производи кои му даваат празничен сјај на вашето лице

Ограничено празнично издание на beauty производи со врвен квалитет.

Светки и многу црвено-зелени комбинации донесени од празничното време кои може да ги издржи само беспрекорниот, едноставен, но многу ефикасен make- up. Затоа, ви презентираме четири нови производи за убавина, со кои вашето лице ќе свети со празничен сјај.

 Chanel Rouge Allure Velvet No.5

Изразена црвена празнична нијанса на кармин од Божиќната колекција на Шанел.

 Rouge Blush Midnight Wish од Dior

Новото златно руменило на Dior се произведува во ограничени количини само за празничната сезона. Доволно е да се нанесе по должината на коската од образот и на мостот од носот за да се постигне беспрекорен сјаен изглед.

Nars Provocateur палета на сенки за очи

Оваа палета на сенка за очи нуди шест нијанси кои ви се потребни за совршен smokey eye изглед. Тајната на беспрекорниот smokey eye изглед е во нанесувањето на најсветлата нијанса покрај работ на веѓата.

Lancôme Hypnôse Drama Mascara

Ограничено божиќно издание на класикот од Lancôme, маскарата Hypnôse Drama Mascara со специјално заоблена четка и долготрајна формула.

Write A Comment