Сите од вие кои го сакате романтичниот стил, ќе се насмевнете кога ќе ги видите овие симпатични и романтични вазнички вплетени во карирана трака. Екстремно лесен и целосно шик детаљ за масата во вашата дневна соба. Она што ќе ви биде потребно е стара кошула, неколку убави копчиња и обични чаши. Наместо цвеќе, чашите може да ги наполните со вода и на врвот да ставите мали свеќи. Или да наполнете ги со песок и ставете свеќи…..играјте со можностите!
Значи, закопчајте ја кошулата и сечете по должината на средната трака. Тоа е всушност делот каде се спојуваат десната и левата страна на кошулата. Вие можете посебно да ги сечете, но вака е побрзо и полесно.

Потоа откопчајте ги страните, по потреба рабовите поминете ги на машина за шиење, заради поуреден изглед, вметнете ги чашите помеѓу копчињата и повторно закопчајте.



Сладок мал проект, кој ќе ви го разубави домот 🙂
