Убавина

Кои се причинителите за појава на акните на вашето лице?

Премногу често менување на козметика

Просечната жена годишно пробува од пет до десет нови козметички производи, според британската студија. Некои производи можат да ја иритираат кожата па подобро е да се држите до оние оние проверените.

Погрешно млеко за чистење

Млекото за чистење лице може да делува така што во комбинација со природните масла кожата ги блокира порите и предизвикува акни, предупредуваат дерматолозите.

Влагата и мобилните телефони се виновници за нечистата кожа

Патувањето, влагата или минералите од водата можат да предизвикаат промени во тенот. Дури и мобилните телефони се виновни за појавата на акни. Тие се изложени на многу бактерии кои директно се пренесуваат на вашето лице.

Write A Comment