Отсега ќе може да се пофали дека е пејачка и актерка.
Пејачката Taylor Swift ќе глуми една од главните улоги во филмската адаптација на мјузиклот „Мачки“!
Иако претходно се „шушкаше“ во врска со тоа, таа официјално ги потврди овие информации на нејзиниот профил на Instagram со објавување на слика на чија што позадина се гледа дека ќе го толкува ликот на Bombalurine, со описот: „Мјау“.
Свифт ќе им се приклучи на Иан Мекелен, Џенифер Хадсон, Џејмс Корден и Ребел Вилсон во адаптацијата на една од најпознатите претстави со пеење во светот.
За прв пат изведен во 1981. година, овој мјузикл го следи „племето“ на мачките Џеликлс, кои мора да одлучат која од нив ќе оди на мистичното место за повторно да се роди.
Претставата важи за култна на Вест Енд и Бродвеј, а се базира на мотивите од делата на Т.С. Елиот, со музиката на познатиот Ендру Лојд Вебер.
