Колекција на торби пролет / лето 2012.
Иако името на Victorijа Beckham релативно е ново на светската модна сцена, познатата трендсетерка успеа од себе да направи респектабилен дизајнерски бренд со нејзиниот не погрешив пристап кон модата, гордо застанувајќи до реномираните играчи во модната индустрија, веќе присутни со децении.
Последниот бран пофалби на сметка на нејзините креации, пристигна пред неколку дена, кога Victoria ја организира презентацијата на нејзините луксузни торби и придружните модни додатоци за сезоната пролет /лето 2012. Колекцијата торби карактеристична е по класичните линии, кои прават дизајнот да изгледа без временски и современо во исто време, погоден за сите можни дневни и ноќни изданија.
Овие торби не би ги одбрале само затоа што во нив може да се смести сè што и е потребно на една жена, туку пред сè тие се детаљ кој би му дал акцент на секој стајлинг правејќи тој да изгледа потполно поинаков и поцелосен. Едноставноста и мекоста на дизајнот измешана со смелоста на разнобојните материјали ни даваат еднобојни и двобојни модели на торби. Луксузната колекција торби изработена е од првокласна змиска, телешка и брусена кожа, а освен типично летните разиграни бои, жените во ова линија секако ќе пронајдат модели и во црна, сива и беж боја.
Како изгледа модната колекција торби на Victorijа Beckham, можете да ја видете во нашата галерија!































