Камините и печките се најстарите облици на систем за загревање на домот. Како поради естетиката, така и поради свеста на луѓето за здравјето, околината но и враќањето на топлиот амбиент во домот, камините и печките се повторно во тренд.

Новите облици на камин доста се разликуваат од поранешните и се трансформирале во технолошки иновативни, еколошки прифатливи уреди кои го надополнуваат ентериерот во домот.

Достапни се во многу различни облици и се дизајнирани до најситни детали па лесно ќе се вклопат во секој стил на уредување. Кај некои модели камините и печките се дури и сместени во централниот дел од домот и всушност претставуваат пресврт во уредувањето.

Економичните и еколошки камини и печки на плин може на тој начин да се искористат за елегантно а сепак класично уредување. Не само што е можно да се избере типот, обликот и величината на каминот и печката туку сега може да се бира и неговата боја.

Поради своите технолошки перформанси денес камините загреваат големи површини, имаат добра искористеност на материјал и производство на топлина.

