ШоуБиз

Манекенкава останала без гради!

Жаклин Жаблонски можеби нема бујно деколте, но сигурно не е рамна како даска како што е прикажана на насловната страна од турското издание на списанието „Вог“.

Американската манекенка низ чии вени тече полска, ирска и германска крв изгледа прекрасно на новата насловна страница, но градите ѝ се неверојатно рамни, па веднаш се јавува сомнеж дека Фотошоп повторно е злоупотребен.

Стилист на ова снимање бил Даниел Подис кој ја облекол Жаклин во црвена блуза и светликаво здолниште со висок струк. Сепак, светлата линија под вратот и различната боја на кожа во горниот и долниот дел на деколтето укажуваат дека Фотошоп е користен во огромни количини. Манекенката воопшто нема гради, а изгледа и како да нема ни коски.

Жаклин е најпозната по ангажманите што ги има за „Victoria’s Secret“, иако има соработувано и со други модни куќи од типот на „Живaнши“, „Долче и Габана“ и „Келвин Клајн“.

Write A Comment