man fashion

ETRO колекција за мажи

Колекцијата ETRO за оваа есен – зима е урбана и елегантна. Она што ја карактеризира оваа колекција е класиката, елегантноста, гламурот…

Кафената, кралско сината, зелената и белата боја се најзастапени. Може да забележиме дека се прават идеални комбинации кои ќе ве направат впечатливи.

Аксесоарите имаат големо значење според ETRO. Големи чанти, капи, шешири, ремени… ставете некој ваков голем детал кој ќе го освежи вашиот изглед и ќе му даде посебен сјај.

Крзнени чевли, крзнени палта, шарени панталони, карирано… се тоа е тренди оваа есен – зима. Погледнете дел од прекрасната колекција.

 

Write A Comment