И покрај тоа што ја поврзуваме, главно, за топлите, летни денови, термалната вода е производ кој неверојатно и одговара на кожата на лицето и треба да зазема постојано место во нашите несесери.
Со оглед на тоа што најчесто доаѓа во спреј, таа е многу практична, бидејќи е потребно само да се испрска врз лицето.
Самиот производ се состои од вода, збогатена со минерали, кои ја хранат нашата кожа и ѝ даваат свеж и сјаен изглед.
Таа е идеален избор за инстант хидратација, ако имате сува кожа, но не мора да биде ваш избор само за време на летните месеци.
Термална вода го намалува црвенилото, ја спречува иритацијата и што е најважно, ја штити кожата од сончевите зраци, па затоа е одлична форма на превенција, за лица со исклучително чувствителна кожа.
Кожата, која е во процес на дехидрација изгледа уморно и безживотно, во тие ситуации, се обидуваме да ја збогатиме негата со производи со силни регенеративни својства, меѓутоа, термалната вода, го забрзува процесот на хидратација, ја забрзува циркулацијата на крвта во кожата на лицето и ѝ дава на кожата свеж и сјаен изглед по само неколку моменти.
Со оглед на тоа што убавото време е веќе започнато, ова е исклучително корисен beauty производ, кој треба да го најде своето место во вашата ташна, за во секое време да изгледате свежо.
