Кортни Лав ѝ станала личен тренер на Линдзи Лохан, па ѝ помага да води здрав живот. Иако и самате е позната по прекумерното пиење и уживање во разни дроги, пејачката и вдовица на Курт Кобејн ќе ѝ помага на подеднакво проблематичната Лохан да остане на „прав пат“. Кортни е уверена дека нејзините лоши навики се одамна во минатото, иако папараците понекогаш ја фаќаат во потпијанета состојба.
– Ја презедов грижата за Линдзи, бидејќи сите други кренаа раце од неа. Таа потона уште подлабоко од мене, а уште полошо е тоа што медиумите постојано ја развлекуваат. Линдзи им е стандардна мета, – вели Кортни.
Кортни и порано се обидувала да ѝ објасни на Лохан дека дрогата е лоша работа.
– Отидов кај неа, гледавме една емисија за наголемите срамови на познатите. Јас бев главна ѕвезда; голи гради, голи нозе, фрлам предмети на Мадона. Тогаш ѝ реков: „Гледаш Линдзи, дрогите се стварно лоша работа“, – вели Кортни, на која во тие кризни моменти најмногу ѝ помогнал Орландо Блум.
