Популарната пејачка реши да стави крај на натписите кои нашироко пишуваа за нејзината лажна бременост. Го покажа новото видео.
Имено, во јавност е објавено видео од снимањето на спотот за песната „Countdown“. Бијонсе го покажува својот труднички стомак, а во раката држи примерок од дневниот весник „Daily Mail“, а покажува на статијата со наслов „Oh baby“.
Видеото е снимено во септември, кога Бијонсе беше трудна шест месеци, а тоа би значело дека детето на еден од најпознатите парови во светот може да пристигне на свет кон почетокот на овој месец.
Сепак, сомнежите и понатаму се тука. Погледнете како Бијонсе се шегува на сметка на сопствената бременост:
