ШоуБиз

Бритни го чести Мексико со бесплатни карти!

Бритни Спирс одлучила да настапи во Мексико бесплатно, а веднаш откако била објавена оваа одлука почнало да се шушка дека причината поради која концертот е багатела е бидејќи не се продале доволно карти.

Поп принцезата се одлучила да ги почести своите обожаватели во Мексико со концерт од турнејата „Femme Fatele“ без карти.

Концертот ќе се одржи во Мексико Сити, а тунејата досега не наишла на позитивни критики бидејќи Бритни пеела на плејбек. Бртини и во Лондон морала да ја намали цената на картите поради недоволна заинтересираност за истите.

Сепак, не можеме сеуште со сигурност да потврдиме дали ова е очајнички потег на Бритни да се одржи на врвот на музичката сцена или пак, се работи за великодушност без граници.

Write A Comment