Детски градинки и дадилките се премногу скапи за некои родители, па на различни начини се снаоѓаат когастанува збор за чувањето на децата.

Оние кои можат, плаќаат за градинки или скапи дадилки, а оние кои не се во можност да си дозволат таков третман на помош ги бараат нивните родители, па често бабите и дедовците ги чуваат внуците.
Но, грижата за децата е многу напорна работа, затоа се прашуваме дали на бабите и дедовците треба да им се плати за да го прават тоа или треба да очекуваме тие тоа да го направат бесплатно? Колкава плата би била соодветна за нив?
Неодамнешните истражувања покажаа декабабите и дедовците на родителите месечно им заштедуваат околу 200 евра за чување на децата.
Околу 65 проценти од бабите и дедовците се грижат за децата во текот на работната недела, заштедувајќи им на своите деца околу 2.000 евра годишно.
– Го чувам внукот 5 дена во неделата од 7 до 17 часот попладне. Пред да се роди детето, ќерка ми ми рече дека ќе ми плаќа 50 евра неделно за моите услуги, но излезе така што сега тоа го правам бесплатно. Не дека немаат пари, бидејќи постојано купуваат нови работи и одат на ручеци и вечери во ресторани, вели бабата.
Таа додава дека парите не се најважни, но дека би биле добредојдени.
Рече дека може да најде платена работа доколку не мора да ги чува внуците.
Не сака повторно да ја започне оваа тема со својата ќерка, бидејќи се плаши дека ќе ја повреди.
Многумина се согласија дека ќерка ја искористува, бидејќи таа и помага да заштеди стотици евра, но и покрај тоа што таа ги сака своите внуци не треба да ги чува пет дена во неделата.
Дадилките се поскапи од детската градинка.
Некои ја охрабрија оваа жена да најде платена работа и да и каже на ќерката дека не може да се грижи за детето, без да и плаќа онолку на колку што се согласиле.
Постојат и такви кои застанаа на страната на ќерка и истакнаа дека таа можеби не заборавила на договорот со мајката, но дека можеби ова се должи на трошоците што ги имаат сега, бидејќи работите кои се потребни за бебето се многу скапи.
