Прекрасната Алисија Викандер се враќа во улогата на Лара Крофт!
Оскаровката Аллисија Викандер повторно ќе влезе во костумот на Лара Крофт, бидејќи таа е официјално потврдена да го сними продолжението на минатогодишниот Tomb Raider.
Новата верзија на оваа приказна, во која Алисија ја замени Анџелина Џоли, ни покажа како е „родена“ Лара, односно нејзината прва авантура.
“Digital Spy” пишува дека во студиото “Warner Bros” веќе се ангажирани сценаријата за следниот филм, а бидејќи дури на крајот на претходниот видовме како Лара открива кој стои зад организацијата Тринити и ги добива своите два пиштоли, очекуваме многу акција!
Додека не пристигне продолжението, потсетете се на минатогодишниот филм!
