Афродизијак и уживање во едно
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 gr. путер
150 gr. шеќер
100 ml. маџун (гроздов шеќер)
3 лажички цимет
1 лажичка мелен ѓумбир
1 лажичка мелено каранфилче или морско оревче
2 јајца
300-350 gr ‘ржано брашно, измешано со
1,5 лажичка сода бикарбона
ПОДГОТОВКА:
Во тенџерче загрејте ги путерот, шеќерот, маџунот и зачините, да се стопат и да се измешаат. кога тоа ќе се олади, ставете ги јајцата и брашното, промешајте и оставете го тестото во фрижидер преку ноќ.
следниот ден, на побрашнета маса измесете го тестото на дебелина од 3-4 mm, исечете форми и печете ги на 175°C околу 10 минути.
добро одат со кафе или чај, а и со какао. ПРИЈАТЕН АПЕТИТ!
