
Една од најчестите грижи на жените е дали му се допаѓаат на маж или не.
За жал, најчесто грешат во овие проценки. Ова се знаци дека сте дефинитивно само пријател во неговите очи:
- Вие секогаш му се јавувате први.
- Кога иницира нешто, секогаш носи уште некој.
- Тој ве запознава со другите како негов пријател.
- Пред вас зборува за жени што му се допаѓаат.
- Тој се обидува да ве поврзе со некои негови пријатели.
- Кога сте сами, никогаш не пробува ништо.
- Отворено ви дозволува да знаете дека не сте негов тип.
- Пред вас зборува за работи за кои никогаш не би зборувал пред девојче.
- Ви кажува за поранешната за која сè уште страда.
- Тој ве прашува кога ќе го пронајдете вашиот совршен дечко.
