Линдзи Лохан се враќа на музичката сцена по 12-годишен прекин.
Таа на својот нов профил на Инстаграм објави видео во кое ги покажува нејзините скандали, а обожавателите веднаш сфатија дека станува збор за нова песна, бидејќи имаше објава на крајот на минатата година “Се вратив!”, а сега стоеше во описот на видеото.
И тогаш сè беше официјално и потврдено и објави тизер за песната “Back to me” што ќе зборува за занемарување на минатото и прифаќање.
Линдзи беше уапсена неколку пати, а два пати поради возење во алкохолизирана состојба.
Серија тужби и борби со зависност ја прекина нејзината филмска кариера, која ја започна со главната улога во римејкот на Дизни во 1998 година во филмот „Родителска стапица“, а запре и со музичката кариера.
Погледнете го тизерот!
