Јогуртот се препорачува да се внесува секојдневно. Велат оној кој пие секој ден јогурт, без оглед на храната која ја јаде месечно ќе изгуби половина килограм со сигурност.
Освен тоа што е добар за килажата и здравиот стомак, јогуртот е одличен за вашата кожа. Ставете малку јогурт во една здела и ставете малку мед. Оваа смеса убаво промешајте ја и ставете ја на лицето да делува 10 минути. Кожата ќе биде мека, чиста и нежна.
Јогуртот може да го користите и како тоник за чистење лице. Ставете малку јогурт на памук и исчистете го лицето. Ќе бидете изненадени од нечистотијата која ќе ја извади од вашето лице. Потоа измијте се со млака вода.
