Ви ги откриваме малите тајни кои жените во сите делови од светот ги користат за да изгледаат убаво.
Кина: За да имаат убава, силна и сјајна коса, жените во Кина ја мијат со мешавина од рузмарин, вода и зелен чај. Зелениот чај и го пијат, и благодарение на него имаат младешки изглед. Зелениот, белиот и жолтиот чај се одличен потег доколку сакате да направите добро за своето здравје и убавина, бидејќи се богати со антиоксиданси што се борат слободните радикали, чие штетно дејство се рефлектира во болести, малигни заболувања, дерматолошки болести и прерано стареење.
Египет: Убавиот изглед започнува со бисерно бели заби. Жените во Египет користат комбинација од сода бикарбона, сол и сок од лимон, со која ги четкаат забите. Овој е ефикасен начин за избелување на забите, но не смеете да го користите повеќе од еднаш неделно.
Брегот на Слоновата Коска: Афричките жени се потпираат на неверојатните својства на Шеа путерот за хидратација на кожата и бенефитите од Роибос чај, како природно средство кое ја одржува кожата млада со помош на големиот број антиоксиданси кои ги содржи.
Италија: За долги, густи и цврсти трепки, Италијанките употребуваат рицинусово масло (нанесете го со чепкачка за уши на коренот на трепките), а исто така го употребуваат и за зајакнување на косата и ноктите и обнова на сувата кожа. Маслиновото масло го користат за хидратација на усните, косата и телото.
Израел: Жените користат црна кал која помага за здравје (лечи кожни болести и помага при артритис). Црната кал се вади од Мртво море од страна на израелски специјалисти и содржи минерали кои ја хранат и обновуваат кожата.
Филипини: Тука жените користат алое вера гел за зајакнување на косата, со тоа што го тријат во коренот на влакната.
Белгија: Во Белгија е популарно маслото од бизон и се користи за намалување на стриите и другите неправилности на кожата. Одлично е за хидратација на кожата и косата.
Шпанија: За да добијат убави, сјајни прамени, бринетите ја мијат косата со половина шолја минерална вода измешана со половина шолја сок од брусници.
Индија: Кокосовото и бадемовото масло меѓу Индијките се користи за хидратација на целото тело. Кокосовото го поттикнува растот на косата, додека пак бадемовото е добро за сува и оштетена коса.
