Вашиот утрински ритуал во просек ви одзема 10-на минути. Најпрво го миете лицето, користите тоник, потоа ставате крема, па преминувате на шминката. И така секој ден. Тоа станува толку монотоно и досадно што го прифаќате како обврска. Ние ќе ви понудиме неколку нови правила кои ќе внесат свежина во секојдневната рутина.
За да ви потрае парфемот –колку и скапо да сте го платиле парфемот тој не може да издржи толку долго на вас. За да го постигнете ова потребно е да го знаете овој трик. Пред да го ставите парфемот ставете хидрантна крема без парфем. Кога добро ќе се впие ставете парфем. Секој парфем содржи голема количина на алкохол. Доколку го ставите на сува кожа тој многу наскоро ќе испари. Доколку имате крема на неа ќе се задржи многу подолго.
Сјај за усни кој нема да лепи – еве како може да се постигне тоа. Наместо да го ставите сјајот за усни директно на устата, треба да внесете уште една фаза во нанесувањето. Наместо да го ставите сјајот директно на уста, прво нанесете го на прстот и натапкајте го на усните. Така ќе имате помалку сјај, но нема да имате лепливи усни.
За полни усни – ако немате колаген при рака еве го решението:) Пред да го ставите карминот или сјајот за усни со чепкалка за уво на усната нанесете тенок слој на бела сенка за очи. Особено е важно да нанесете на работ на усната. Така ќе визуелно ќе ја зголемите устата. Потоа нанесете сјај за усни или кармин.
