Мода

Модни грешки

Висинска големина- бројот на облеката која ја купувате треба да ви одговара и на тој начин ќе изгледате најдобро, избегнувајте премногу бои и модни додатоци, како и комбинации кои не се складни со дадената прилика.

Многу лесно ги коментираме другите и нивниот моден стил, заклучуваме каде погршиле, со што претерале и што им недостасува. Но зошто не се гледаме себе си објективно? Еве во што се состојат најчесто грешките кога во прашање се облекувањето и шминкањето.

-Носење погрешни бои. На друга жена многу брзо може да забележиме дека облеката што ја носи не и одговара со тенот. Запознајте ги својот тен и најанса на коса и нагласете ги со боите кои ви одговараат.

– Погрешен број. Бидете искрени со собе кога купувате. Доколку влезете во помал број фармерки, само ќе ги истакнете вашите маани. Од друга страна, во совршено скроени пантолони во соодветна величина ќе изгледата одлично без разлика на формата на телото и тежина.

– Робување на модни трендови. Немојте да го копирате баш секој тренд. Не се сите создадени за фармерки со низок стук,  широки пантолони или долги сукњи. Проценете што најмогу и одговара на вашата фугура, а доколку не можете сами прашајте пијателка за совет.

-Премногу бои. Можеби по природа сте весели и оптимисти и во согласност со тоа сакате шаерно, но избегнувајте премногу бои на облеката бидејки визуелно збунуваат. Најдобро би било да комбинирате две до три бои.

-Премногу модни додатоци. Аксесоари како алки, ланчиња или обетки навистина можат да ве направат кралица на стилот, но немој да претерувате бидејки ќе постигнете контра ефект.

-Облека која не одговара на приликата. Секогаш имајте на ум каде одите и во согласност со тоа бирајте ја облеката.  Често жените за шетање низ град бираат прмногу опуштени комбинации или одат во крајност, па бираат свечена гардероба која повеќе би одговарана на црвениот тепих одколку на грасдките улици.

-Несоодветна шминка. Не постои ништо потажно кога во прашање е тешка шминка во врел летен ден, лошо нанесена пудра или лошо исцртана уста. Внимавајте со шминката.

– Несеоодверни ткаенини. Облекувајте се на  начин облeката да одговара на сезоната. Тешките материјали заборавете ги во лето, а во зима заборавете на кратки маички од кои ви се глада стомакот.

Write A Comment