ШоуБиз

Елизабета Каналис – раскинување со пцовки!

Елизабета Каналис (33) ја раскинала едномесечната врска со Мекед Брукс (31).

По раскинувањето со Џорџ Клуни, италијанската убавица си најде утеха во актерот од серијата „True Blood“ Мекед Брукс. По еден месец врска и по една бурна караница на која биле присутни многу луѓе, Елизабета е повторно сама.

Неколку сведоци кои биле присутни за време на караницата и на раскинувањето изјавуваат што навистина се случило.

–  Се дереа еден на друг во ходникот од хотелот, и тогаш Елизабета го турна и се упати кон својот апартман, – вели еден очевидец.

– Набрзо слезе на рецепција со милион работи во рацете, а на рецепционерот му рече: „да му кажеш на оној се… да си ги собере парталите и повеќе да не се враќа“.

Write A Comment