Cafe Del Mar

7 работи на кои нè научи социјалното дистанцирање, а сигурно ќе сакаме да ги практикуваме и понатаму!

Изолацијата, како и социјалната дистанца нè научија на многу лекции. Зошто да не задржите некои нови навики во вашиот секојдневен живот?

Не,не сакаме да ви напишеме за друга теорија за самопомош. Ние веруваме и нормално е дека повеќето од вас едвај го дочекаа олабавувањето на меркитекако и враќањето(колку-толку) на стариот начин на живот. Но, признајте дека некои од животните промени што ги донесе корона вирусот со себе, ви одговараат, барем делумно. Можеби повремено вежбавте јога или одевте да купувате намирници еднаш неделно на поорганизиран начин. Овие седум работи на нашата листа би било убаво да ги одржувате во вашата рутина.

„Me time“

Што навистина сакаме да направиме, што навистина нè прави среќни, кои луѓе нè прават среќни а кои ни го отежнуваат животот? Ова се само некои од прашањата на кои само ние самите можеме да си одговориме. А за да можеме да го сториме тоа, потребно е да го насочиме вниманието спрема себеси,со медитација, релаксација и време во кое не правиме потполно ништо. Додека некои имаа напредок во таа област за време на коронавирусот, други можеби немале можност да го сторат истото. И во двата случаи, лекцијата е иста – тоа е многу важно.

Вежбање дома

Спортски сали, тренери, сè отиде во заборав за време на карантинот. Сепак, многумина конечно ги искористија своите јога душеци, тегови и друга опрема за вежбање. Кога ќе размислите за тоа малку подобро, потребно е многу малку за да бидете активни и да се чувствувате подобро. Мал простор во станот, внимателно избрани YouTube видеа и  желба за промена.

Готвење и здрава исхрана

Од обичен леб до леб од банана, ако нешто се правеше во изолација, се готвеше. Додека едните добија неколку килограми, други почнаа да размислуваат повнимателно за својата исхрана, а со тоа и да одат на намирници на поорганизиран начин. Зошто да не го задржиме тој став? Ќе фрлате помалку храна и ќе ја подготвувате повнимателно.

Терапевтската моќ на природата

Убаво беше да се видат многу луѓе на ливадите и во шумите, на секоја возраст. Прошетката во природа стана секојдневие, а хулахопките и спортската облека станаа неизбежни парчиња во секој плакар.Зеленилото има неверојатна моќ со која се одмора мозокот, кој во исто време се снабдува и со дополнителен кислород. Не можете да замислите една недела без да излезете во природа? Во целост ве разбираме.

Важноста на пријателството

Од соседите до пријателите на интернет, беше јасно дека луѓето станаа безусловна поддршка едни на други по многу долго време. Коронавирусот нè натера да се освестиме дека сите сме рамноправни и дека се чувствуваме подобро кога си помагаме едни на други. Само една реченица на утеха од некој близок беше доволна за да нè смири. Негувајте ги пријателствата.

Write A Comment