Вашата кожа е прекриена со флеки и пеги од кои не може да се ослободите? Без грижи, нема проблем кој не може да биде решен. Може и самите да направите лосион кој ќе ви помогне за овој проблем.
Овој препарат може да го направите и сами, а ќе ви бидат потребни лимон и магдонос.
Витаминот Ц е од особена важност. Неговиот недостаток може да предизвика губење на течноста во кожата и намалена синтеза на колаген кој е важен за раст и обнова на станиците на телесните ткива, на коските, кожата…
Затоа внесувајте доволна количина на витамин Ц. Освен преку храната може да го внесете и преку козметичките препарати. Еве еден едноставен рецепт:
– 1 дл сок од лимон
– 2 лажици сув магдонос
– 1,5 дл дестилирана вода
– 0,5 дл 70% алкохол
Листовите од магдонос прелијте ги со дестилираната вода и алкохолот. Протресете го шишето во кое ги ставивте и оставете нека стои цела ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и додадете го лимоновиот сок. Лосионот нанесувајте го секое утро на исчистена кожа.
Секојдневната употреба на овој лосион ќе го “избрише” пегите и флеките од вашето лице и раце.

1 Comment
dali ovoj losion ke gi iscisti i pegite sto gi imam od dete