Sweet Home

Точка до точка

Точката како полн геометриски облик е присутен секаде околу нас. Новите трендови на уредување на домот го прифатија овој интересен а пред неверојатно прилагодлив стил на уредување на домот. Точките се палави, забавни, внесуваат радост и рамнотежа. Шарата од правилно распоредени точки го прави просторот модерен, смел и шик.

Точката служи за акцентирање, доволно е само да ставите една точка во друга боја на кој било дел од мебелот или ѕидовите и веќе сте го привлекле погледот на секој во таа просторија. Според тоа поголемиот број на точки, независно нивната големина успеваат да привлечат поголемо внимание. Затоа и е потребна голема внимателност кога се декорира со овој весел и смел геометриски облик.

Многумина не знаејќи како да ги употребат, како и фактот што неправилното наметнување на точките придонесуваат за заситување и агресивност, се плашат да ги вметнат во својот дом. Затоа е потребно при изборот на бојата, големината и позицијата на точките или круговите да се има визија за тоа што се сака да се постигне.

Прва асоцијација за точките во домот се врзува за детската соба. Шарените точки со различна големина дефинитивно го прават просторот весел, разигран и детинест.

Користењето на точките во остатокот од домот бара голема смелост и малку побунтовен поглед кон стварноста. Постојат основни правила кои би требало да ги имате напамет доколку сакате да декорирате со точки.

Бидејќи точките се основен оптички елемент, нивното групирањето формира друг геометриски облик и слика. На тој начин акцентот се става на ново формираниот облик.

Неправилно наредените точки го прават просторот динамичен, во постојан од.

Различната големина, боја и облик создаваат интересни текстури. Во зависност од густината можеме да добиеме различни светлосни вредности и тонови.

Темни точки на светла површина визуелни ја обојуваат таа површина.

Светли точки на светла површина дискретно акцентираат и го разигруваат просторот.

Доколку не сте смели да си играте со точките на поголеми површини тогаш едноставно можете да внесете некој точкест детаљ и така да го разиграте просторот. Завеси со точкести детали или дезен од точки на перниците во дневната соба, постелнини, теписи итн.

 

Write A Comment