ШоуБиз

Линдзи во куќата на “Големиот брат”?

Продуцентите на британското издание на шоуто „Големиот брат“ сакаат Линдзи Лохан да биде нивниот ВИП жител во куќата. Моментално, продуцентите се во Лос Анџелес, каде се одвиваат преговорите…

Голема е веројатноста Линдзи Лохан да се појави во најновата сезона на британското реално шоу „Големиот брат“. Продуцентите ја сакаат проблематичната актерка и пејачка во своето шоу како би ја зголемиле неговата гледаност.

Сепак, Линдзи моментално ја издржува својата условна казна, па на продуцентите ќе има треба многу повеќе време да преговараат со судиите и адвокатите на Лохан, за да ја пуштат надвор од границите на земјата.

Најјак аргумент на бритнаците е дека Линдзи во куќата ќе биде исто како во затвор и под постојан надзор. Останува да видиме дали американскиот закон ќе попушти пред британската забавна програма, а тоа ќе биде во јануари кога почнува новата сезона на мегапопуларното реално шоу.

Write A Comment