Американскиот актер и продуцент Том Круз е на светска турнеја која има за цел да го претстави и промовира најновото продолжение на филмот „Невозможна мисија“. Последна земја која ја посетил била Индија, а оваа земја го воодушевила со својот шарм.
Том Круз во Индија се дружел со своите фанови, а на премиерата на филмот позирал со болувудската колешка Анил Капур, која исто така глуми во последното, четврто продолжение на филмот.

За време на својата кариера, Том го има пропатувано целиот свет, но досега никогаш не бил во Индија, а од секогаш копнеел да ја посети.
– Сон ми беше да ја видам Индија. Многу сум возбуден, – изјавил Круз за медиумите.

Том го посетил и Таџ Махал, кој во Индија е најпознат споменик на љубовта.
