ШоуБиз

Џесика Бил планира брак и семејство со Џастин!

Згодната американска актерка Џесика Бил вели дека можеби е подготвена да стане мајка. Инаку, Џесика е во долгогодишна врска со Џастин Тимберлејк. Зборувајќи за бременоста која ја глумеше во филмот „Среќна нова година“, убавата актерка открива: „Беше одлично. Носев широка облека над лажниот стомак и имав огромни гради кои ми висеа. И јадев што ќе ми паднеше на ум. Супер беше!“

Извор близок на парот открива дека тие планираат наскоро да се венчаат и да основаат семејство.

–   Ако не се случи нешто во последен момент, Џастин и Џесика треба наскоро да ја објават свршувачката. Таа го промени режимот на исхрана и почна поинтензивно да вежба за телото да ѝ биде подготвено за бременоста.

Write A Comment