Авторката на романот според кој настана култната серија „Сексот и градот“ Кендас Бушнел се разведува од својот сопруг Чарлс Аскегард.
Кендас Бушнел претходната недела го поднесла барањето за развод.
– Имавме пркрасни моменти заедно овие 9 години додека бевме во брак. Сеуште се грижам за Чарлс. Сепак, ја почитувам неговата желба да си ја побара среќата на друго место и се надевам дека и понатаму ќе останеме пријатели, – пишува во соопштението на славната писателка и колумнистка.
