Здраво тело

Митови за импотенција

По правило мажите кои страдаат од еректилна дисфункција, не обрнуваат доволно внимание на овој здравствен проблем, туку чекаат мислејќи дека тој ќе помине со времето. Главната причина за оваа неодговорност е незнаењето што постои меѓу населението, кога станува збор за импотенција.

Кои се главните заблуди кои го диктираат однесувањето на мажите во такви ситуации?

ИМПОТЕНТНОСТА СЕ ДОЛЖИ НА НЕОДГОВОРНИТЕ СЕКСУАЛНИ ОДНОСИ

Всушност инфекциите со кои е можно мажот да се зарази по полов пат, немаат директно влијание врз ерекцијата. Кај некои зарази – на пример кај херпес, постои дури ситуација на долга возбуда, бидејќи вирусот ги оштетува нервните клетки на половиот систем.

НЕДОСТАТОКОТ НА СЕКС ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ

Импотентноста не се лекува со апстиненција, напротив. По долг период без секс е можно да се појави познатата состојба “синдром на вдовецот”, при што поради немањето на сексуални контакти, сексуалната функција се намалува.

ПРОБЛЕМИТЕ СО ЕРЕКЦИЈА СЕ ПОВРЗУВААТ СО СТРЕСОТ

Во пракса, стресот во секојдневниот живот може да има влијание врз сексуалната способност на мажот, но во 4/5 од случаите на еректилна дисфункција станува збор за проблем од органски карактер. За такви проблеми се сметаат нарушувањата на крвните садови, ендокрините болести и др.

ИМПОТЕНТНОСТА СЕ ДОЛЖИ НА МАЛИОТ ПОЛОВ ОРГАН

Тоа е заблуда, која создава дополнителни грижи за многу мажи.

Во возбудена состојба машкиот полов орган се движи од 13 до 18 см, така што оние кои природата ги надарила со помали пениси, често ги пренесуваат психичките грижи на физичко ниво и оттаму доаѓа до сексуална немоќ. Всушност големината на пенисот не е главниот услов за квалитетен сексуален живот.

ПРОБЛЕМИТЕ СО ИМПОТЕНЦИЈА СЕ ЈАВУВААТ САМО СО СТАРЕЕЊЕТО

Не, тоа не е секогаш така. Проблеми со ерекцијата може да имаат и помлади мажи.

Влијание на ерекцијата и евентуалната импотенција може да имаат и земањето на некои лекови, начинот на живот и здравствени проблеми.

Write A Comment