Зимската колекција на Corneliani е моќна и фасцинантна. Милитари стилот е главна одлика на машката колекција.
Капути, палта, панталони… сé во војнички стил. Мора да се согласиме дека мажите во оваа облека делуваат многу моќно.
Маслинаста, кафена, темно сина, сива. Тоа се боите кои се доминантни во колекцијата. Освен тоа што облеката е во милитари стил, исто така треба да обрнете внимание и на аксесоарите. Ремените и чантите исто така се доста впечатливи и го имаат истиот моќене ефект како и самата колекција.










