Светски познатиот дизајнер на чевли ни ја претстави пред – пролетната колекција
Louboutinovata презентација на чевли отсекогаш биле дочекувани со одушевување и внимание, бидејќи познавајќи го модниот израз на дизајнерот, секоја сезона уредниците и новинарите се подготвени да го очекуваат неочекуваното. Вечно склон кон живите бои, богатите детали и по малку каприциозниот дизајн, Christian Louboutin не нè разочара кога ја претстави пред – пролетната колекција, која всушност е идеална увертира на линијата чевли за топлите летни денови.
За разлика од есенско – зимската колекција, исполнета со малку по шокантни стилови, Louboutin овој пат им се врати на класичните модели, кои потоа ги преслече во златен сјај, металик бои или со безброј шарени перли. Кожата од питон и понатаму е на висока цена, како и шилците кои имавме прилика да ги видиме претходните сезони, често окарактеризирани како ладно оружје во царството на модните додатоци.
Судејќи според увертирата, изгледа дека следната сезона ќе биде богата со посакуваните statement штикли, а кои се Louboutinovite адути за почетокот на топлата сезона, секако погледнете во нашата галерија.













