Децата позитивно реагираат на понежните методи и дисциплини, наместо на постојаното викање и заканување.
Навредување и удирање на вашето дете за секоја грешка нема да ви помогне, туку само ќе ви одмогне. Дисциплината е нешто што би требало да биде претпазливо замислено, изведено на фин начин и со многу љубов.
– Бидете пример кој треба да се следи. Децата имаат навика да ги копираат повозрасните. Ако сакате да ги навикнете да прават некоја работа, истото би требало и вие да го направите. Ако го исфрлате ѓубрето во канта, го средувате вашиот кревет штом се разбудите и ја исчистите масата после ручекот, детето автоматски ќе ве прати и ќе учи што треба да правите.
– Ако децата се немирни на јавни места, бидете трпеливи и прво обидете се мирно да им објасните што сакате од нив. Ако и понатаму не ви обрнуваат внимание, применети ги построгите зборови. Ако и понатаму продолжува, завртете се и направете да помисли дека ќе си заминете и ќе го оставите. Не заборавајте да не го подигнете гласот или да примените сила, бидејќи така ќе им покажете дека успеале во она што го намериле за да привлечат внимание – нив им е сеедно дали резултатот ќе биде позитивен или негативен.
– Однесувајте се спрема децата како да се возрасни. Тие, исто така бараат почитување од своите родители. Пофалете кога добро ќе ја завршат задачата, вклучувајте ги во процесот на донесување одлуки, како што се избор на гардероба, чевли, бојата на собата и слично.
– Обидете се да не го навредувате вашето дете. Ако го изгубите трпението, само ќе ви ја открие вашата слаба точка и понатаму ќе знае како поефикасно да ве наведе на неговата игра. Исто така, обрнете внимание на начинот на кој се обидувате да го научите вашето дете. Речете му „Добар ден“ на соседот, кога ќе го прекинете некој во разговорот речете „Извини“, ако подбутнете некого случајно речете „Жал ми е“ и слично.
– Ако вашето дете се донесува лошо пред гостите, не му викајте. Почекајте тие да си заминат, па тогаш строго објаснете му дека ваквото однесување не е прифатливо. Исто така, предупредете го дека, доколку го повтори ваквото однесување, ќе биде казнето.
– Смислете казна за лошо однесување (да речеме, седење во друга соба, додека не се извини и каже дека му е жал) и држете се до она што сте го кажале. Ако дотрча и почне да се гали, без збор, веднаш вратете го на првобитното место. Издржете го плачењето и сличните работи – кога ќе разбере дека со тоа ништо не постигнува, повторно ќе се претвори во пристојно дете.
