O.P.I создаде колекција лакови кои сами создаваат декорација како на сликата, со самото нанесување. Колекцијата е создадена во соработка со Кејти Пери. Станува збор за „cracкle“ ефектот. Ноктите се покриваат во два слоја. Првиот е обичен лак, а вториот е тој што го дава декоративниот момент. При сушењето вториот лак пука, при што се создаваат пукнатини на повшината, а декорацијата на секој нокт е уникатна и единствена. Она на што треба да внимавате е тоа основата да биде во контрастна боја. Колку по тенок ќе биде горниот слој, толку повеќе пукнатини ќе добиете.

