Анџелина Џоли е жена која ја сака опасноста, адреналинот и сè што носи возбуда. Таа деновиве престојува во Велика Британија каде го користи секој слободен момент да ги посети часовите за летање.
Таа на часовите оди заедно со својот син Медокс. Иако Анџелина важи за искусен пилот, во Американските таблоиди се покрена дебата дали е воопшто безбедно Анџелина да лета со својот син.
