Колку навистина се штетни производите на кои им е поминат наведениот рок на траење?
Купувајќи со години многу козметички производи и шминки, сигурно ви се случило да сте ја преполниле козметичката торбичка. И сега треба да направете ревизија на нејзината содржина и се прашувате – која шминка да ја фрлете и по колку време? Штета би било да ја фрлите шминката само по неколку месеци, а која скапо сте ја платиле.
Често се прашуваме – дали роковите на траење на одредени козметички производи се само маркетиншки трик, за да купуваме почесто, а со тоа и повеќе козметика, или пак станува збор за потврдени рокови?
Ако не ја затворате и правилно чувате шминката рокот на нејзиното траење може да помине порано. Иако нема докажани правила, многу жени ја користат шминката и по неколку години, а притоа никогаш да не им предизвикала алергиска реакција.. Секоја жена има различен тип кожа, па поосетливата кожа може порано да почувствува надразнување отколку нормалната.

Правила кои важат за скоро сите козметички производи е: шминката мора да се чува на суво, темно и ладно место, задолжително да се мијат рацете пред секое користење и употреба на шминката за лице, и козметичките и make-up производите како што се сунѓерчињата и четкиците редовно да се одржуваат чисти и никако да се споделуваат со пријателките.
Секако дека повеќето жени би го фрлиле производот кој на изглед ја променил густината, бојата или пак чудно мириса, но не се сигурни кога да ја фрлат шминката на која нема видливи слични промени, или пак не е јасно означен рокот на траење, или пак не се сеќаваат точно кога прв пат ја отвориле. На повеќето производи е означен препорачливиот рок на траење, но во повеќето случаи таквата ознака се наоѓа на кутијата која сме ја фрлиле, а скоро секогаш постои можност некој да го отворил производот во продавницата пред вие да сте го купиле.

Офталмолозите и дерматолозите се согласни кога е во прашање користење шминка со поминат рок на траење. Тоа може да има повеќе негативни последици како што се: воспаление и бактериска инфекција, посебно ако шминката ја делете со пријателките. Треба да внимавате и во продавница кога купувате шминка. Тест примероците некои жени го користат директно на својата кожа. Тест примероците за црвило за усни никогаш не треба да се става директно на устата.
Многу стручњаци се најстроги кога е во прашање рокот за траењето на маскарата. Таа се нанесува во непосредна близина на окото, па стручњаците препорачуваат таа да се користи во рок од три до шест месеци. Некои препорачуваат маскарата да се користи и помалку од три месеци. Маскарата бргу се суши па постојат повеќе совети како да и се продолжи користењето на овој производ, како на пример со загревање во топла вода. Меѓутоа, топлата вода го поуспешува создавањето бактерии.

Кај користењето маскара не е добро пречесто да се отвора бидејќи така внатре пуштате воздух и маскарата побргу се суши. Некои советуваат таа да се загрева со фен за да би се уште малку користела кога е при крај. Ако веќе имате воспаление на очите, или пак тоа често ви се повторува, дефинитивно фрлете ја старата маскара и размислувајте да си купете нова која е специјална за осетливи очи, и внимавајте на рокот на траење.
Сенката во крем која се нанесува со прсти подолго ќе ви трае бидејќи со прстот опфаќате помалку, но со прстите можете да си пренесете бактерии на лицето. Затоа е потребно секогаш да се измијат рацете пред да се нанесе шминката. На сунѓерчињата и четкичките и сами можете да видете колку се собира нечистотија. Тие треба редовно да се мијат или пак да се користат нови.

Креонот треба да се остри секогаш пред секое користење, а тие можат да траат и до една година па и повеќе. Карминот и сјајот за усни обично траат од една до две години, исто како и пудрата. Карминот и сјајот за усни подолго ќе трае ако се чува во фрижидер. Времето кога треба да се фрли карминот во ѓубре е дефинитивно кога ќе го промени мирисот.
Ако сте добиле алергија или црвенило од некој производ, се разбира дека веќе не ќе го користете. Најважно е правилото да се чува шминката и да се одржува хигиената. Шминката нема така бргу да се расипе ако ја чувате на суво и темно место во бањата. Не делете ја со пријателките и фрлете ја веднаш ако ја промени бојата или мирисот.. Ако не се сеќавате кога сте ја отвориле, тогаш на производот залепете хартија на која сте ја напишале датата на отворањето.

ИСТРАЖУВАЊА – тестирање во микробиолошка лабораторија
Во Велика Британија е спроведено истражување со цел да се провери колку всушност се штетни make-up производите на кои одамна им поминал наводниот рок на траење. Неколку жени однеле во микробиолошка лабораторија неколку make-up производи кои биле користени подолго од пет години. За да биде производот погоден за користење, одобрениот број бактерии по грам на производот не смее да преминува 100.
Резултатите покажале дека секој од тестираните производи содржи помалку од 10 бактерии по грам на производот, освен сунѓерчето кое содржи преку 1000 бактерии. Значи, преку пет години стара маскара, руменило, сенка за очи и кармин за усни не биле штетни за ставање на лицето.
