Дестинации

AMAN RESORTS – луксузност и уникатност без лимит

Ако успехот го мерите во мерна единица квантитет, тогаш  комплексите Аман, немаат направено многу. Едноставно, овде фокусот не е ставен во облик на „најголемото, најбројното “. Но затоа пак, успешно се вмешани прсти во компонирањето на стил, удобност, умешност и интимност, едноставно, овде се обрнува внимание на лукзузноста и уникатноста- без лимит.

Комплексите Аман се мозаик од апартмани, проширени на повеќе континенти. Од Турција, островите Каико, Филипините, Виоминг, па се до Маракеш, Мароко, овие несекојдневни апартмани се мета на највлијателните луѓе на планетава. Секој од комплексите располага со околу 30 луксузни вили, изведени во раритетни изданија на ориенталното, традиционалното и модерното во најпрецизна линија. Ова бегство од реалноста рефлектира едно поинакво искуство каде освен неодоливите плажи, вниманието ќе Ви го одземат и можностите за сурфање, голф терените, снежните авантури, пилатес, јога и спа центрите, а сигурно дека ова би било идеална прилика да ја остварите Вашата венчавка од соништата. Искуството покажува голем квалитет во услугата, висока оцена од гостите и глетка која не сте ни очекувале дека можете да ја видите. Ако сакате да се уверите, комплексите на Аман се тука да ве уверат. За почеток, погледнете ги сликите.

 

Write A Comment