Актерите од вампирската сага „Twilight“, Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се прогласени за најпрофитабилните актери во Холивуд според анкетата на Форбс. Листата била направена врз основа на заработката на актерите во однос на заработката на последните три филма кои тие ги снимиле во последните пет години.
Последниот филм на овој пар кој го снимија заработи 589 милиони за само неколку дена од неговото прикажување. Актерката е на прво место, додека Патинсон на трето место меѓу актерите.
Меѓу останатите на листата се наоѓаат и Ен Хатавеј, Даниел Ретклиф и Шиа Ла Беоуф.
