Холивудската актерка Џенифер Анистон е прогласена за најзгодната жена на сите времиња, според анкетата спроведена од магазинот Mens Health. Оваа титула Џенифер ја добила благодарение на фактот што за време на нејзината кариера била и останала „духовита, секси и реална“ жена.
Второто место на оваа листа и припадна на Ракел Велч, додека на тертото се најде дивата Мерлин Монро.
Потоа следуваат, Бритни Спирс, Мадона, Урсула Андрес, Бети Пејџ, Памела Андерсон, Џејн Фонда и Анџелина Џоли.
Инаку, Џенифер Анистон се најде и на листата најсекси личности за 2011 година од магазинот Ху, заедно со Миранда Кер, Мила Кунис, Оливија Вајт и Блејк Ливели.








