Здраво тело

Недостиг од спиење во младоста го уништува мозокот

Според некои истражувања, недостигот од спиење во адолесцентниот период, може да остави трајни последици на синапсите помеѓу нервните клетки во мозокот.

Испитувањето е спроведено на Универзитетот Viskonsin-Madison во Америка врз млади глувци кои биле поделени во различни групи. Во едната група биле ставени глувци кои биле будни 8 до 10 часа на ден, во другата група биле тие кои можеле да спијат колку што сакаат, а во третата биле глувците кои биле принудени да се будни. Научниците дошле до заклучок дека глувците кои недоволно спиеле имаат неправилности во создавањето и користењето синапси помеѓу нервните клетки во мозокот.

Научниците заклучиле дека „еден од проблемите на кои предупредува истражувањето, недостигот од спиење во адолесценцијата, посебно хроничниот недостиг, може да има трајни последици на создавањето поврзаност меѓу нервните клетки во мозокот “. Меѓутоа, нагласуваат дека се уште не е познато дали тие промени се моментни, реверзибилни или пак имаат трајни последици врз функционирањето на мозокот. Тие предупредуваат дека адолесцентите би требало да спијат барем по 8 часа секоја ноќ.

 

Write A Comment